Постојат повеќе од 40 познати болести кои можат да се пренесат преку незаштитен сексуален однос. ХИВ, ХСВ, хепатитис Б, хепатитис Ц, сифилис, кламидија и гонореја се најпознати од овие болести. Општо, кај овие болести не се забележуваат никакви или многу благи симптоми и затоа овие видови на болести можат да се шират многу брзо. Покрај тоа, луѓето кои имаат една од овие болести, се склони да се заразат и од други сексуално преносливи болести. Сифилис, гонореја и кламидија се болести кои се лекуваат. Хепатитис Б, ХИВ и ХСВ се чести болести но за нив нема сеуште точно утврдени и успешни третмани за лекување. Овие болести, освен преку сексуален однос, можат да се пренесат преку крв или за време на бременост. Исто така, може да се пренесат од мајка на дете за време на раѓањето.

Симптомите на болести зависат од полот и видот на болеста.

Кламидија: Ова е најчестото сексуално преносливо заболување во развиените земји и нема наследен фактор. Општо, оваа болест нема симптоми. Кај некои жени, може да се забележи печење при мокрење, честа потреба за мокрење, слаб жолт исцедок од вагината, чешање во пределот на гениталиите, црвенило, печење и болка за време на сексуалниот однос. Кај некои мажи може да се појави печење при мокрењето како и исцедок од пенисот.

Сифилис: Оваа болест има 3 фази и во секоја фаза се забележуваат различни симптоми. Во првата фаза на оваа болест кај жените и мажите, се појавува рана во пределот на гениталиите. Оваа рана не предизвикува никаква болка. Ако се игнорира и не се примени соодветен третман, оваа болест преминува во следната фаза. Од еден до шест месеци од појавата на раната, може да се појават главоболка, болка во грлото, треска, анорексија, слабост, гадење, повраќање и осип на кожата на било кое место од телото. Овие осипи имаат црвена или кафеава боја, меки се и се појавуваат како красти. Доколку не се спроведе соодветен третман, оваа болест може да се појави 10 или 30 години подоцна во многу посериозна форма и последици. Во последната фаза од болеста може да се појават слепило, психолошки проблеми, тешкотии во движењето и мускулите, нечувствителност, па дури и мозочен удар. Исто така, оваа болест може да се пренесе од болна бремена жена на бебето.

ХИВ: Има слични и променливи симптоми како и сите инфекции во првата до шестата недела по пренесувањето на вирусот во организмот. 6-12 недели подоцна, телото создава антитела против овој вирус и ова помага при анализа на крвта и дијагностицирање на болеста. Најчесто, при оваа болест може да нема симтоми 8-10 години, но лицето во овој период е заразно и може да го пренесе и да инфицира други луѓе. Во последната, терминална фаза познат како СИДА, имунолошкиот систем станува толку слаб и телото не може да се бори со симптомите на различни болести. ХИВ е вирус кој предизвикува болести за кои нема лек, но со соодветна профилакса, можно е да се намали преносливоста и виралниот потенцијал кај носителот на вирусот.

Гонореја: Општо, карактеристична е и се појавува кај помлади лица. Гонорејата е болест која е асимптоматска, но некои жени или мажи можат да имаат исцедок од уретрата. Исто така, кај жени, можно е да има крварење по сексуални односи. Оваа болест се лекува со антибиотици. За да се спречат овие видови на болести, многу е важно да се внимава на бројот на сексуалните пратнери или да се користи кондом за време на сексуалните односи. Покрај тоа, при земање крв или брисеви, иглите и другиот медицински материјал треба да биде стерилен. Дијагнозата на овие болести е можна со анализа на култура од брис, серолошка или PCR анализа во нашата лабораторија.