КАРДИОЛОШКИ БИОМАРКЕРИ
Срцето е највиталниот орган, затоа што ако тоа престане да работи, пациентот не може да живее. Овој орган ни овозможува пренос на крв со јаглерод диоксид и други штетни материи со помош на белите дробови и размена со чистата крв со кислород до сите клетки од нашето телото.
Покрај ЕКГ, потребни се и ЕКО и стрес-тест, дополнителни анализи на крв за да се види дали нашето срце е здраво или дали имало срцев удар. Тестовите CK-MB, миоглобин и тропонин играат значајна улога во раната дијагностика на срцевите заболувања. Овие материи се излачуваат во крвта кога нашето тело е под стрес или има претрпено некакво оштетување. Редовното правење на овие тестови е многу важно за да се дијагностицира и спречи можноста од срцев удар.
За да го заштитите здравјето на вашето срце;
• Грижете се за здрава и избалансирана исхрана.
• Редовно правете лесни вежби.
• Консултирајте се со вашиот лекар во случај на болка во градите или други слични симптоми.