Вирусот Ковид-19 кој Е ПРИСУТЕН ВО скоро секоја земја во светот и МНОГУ БРЗО СЕ ШИРИ, Е ПРИСУТЕН И КАЈ НАС. Ние ги спроведуваме сите мерки и активности како наша должност за намалување на ширењето на епидемијата, како дел од целокупниот здравствен ситем ставен во функција на сузбивање на локалната трансмисија на вирусот. Наша должност е не само да го дијагностицираме присуството на вирусот туки и да помогнеме во намалувањето на брзината со која што се шири вирусот. Во таа насока, мерките кои ние ги ревземаме се:

• Тековно следење на развојот и на состојбите предизвикани од вирусот.

• Редовна дезинфекција на зградата на лабораторијата.

• Задолжително користење на средства за дезинфекција за нашите пациенти.

• Задолжително носење на заштитна медицинска опрема од страна на нашиот тим кој не смее да е во контакт со пациенти или пак да зема примерок од пациенти без ракавици.

• Редовно ја следиме здравствената состојба на нашиот персонал

• Ги чуваме примероците во стерилни садови од земање на примероците до завршување на испитувањето.

• Одржуваме растојание помеѓу вработените и пациентите.

• Редовно ги проветруваме просториите во нашата зграда.

• Го одржуваме соодветниот број истовремено присутни луѓе во нашата зграда.

• Не дозволуваме никој освен лаборантите да ги допираат уредите или опремата.

• Нашите вработени се одлично информирани и имаат добро познавање за Ковид-19.

И понатаму ќе продолжиме да ги следиме најновите информации за тековната пандемија за да можеме истовремено да обезбедиме највисоко ниво на заштита од локална трансмисија на вирусот.